Почина уште едно од повредените лица во експлозијата од плинска боца во кумановското село Романовце. Станува збор за член на семејството каде што се случи несреќата, јавува Алсат ТВ.
Ова е седма жртва од трагичниот настан кој се случи пред околу две недели.
На 23 февруари во куќа во Романовце настана пожар од експлозија на плинска боца, при што на самото место загинаа три дечиња родени 2009, 2011 и 2012 година. Седуммина, пак, беа повредени, од кои вкупно четири лица, вклучувајќи ја и денешната жртва, им подлегнаа на повредите.