Во случајот „Транспортер“, Талески е осуден на седум години затвор поради злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола. Ексградоначалникот на Битола веќе три години помина во домашен притвор, а за одлежување на казната во затвор му остануваат уште четири
Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, од вчера е спроведен во затворот во Прилеп каде ќе ја издржува затворската казна за случајот „Транспортер“.
Пред две недели, скопска Апелација му ја намали казната на поранешниот битолски градоначалник, кој наместо осум години, како што претходно одлучи Кривичниот суд, сега треба да одлежи седум години затвор.
Во случајот „Транспортер“, Талески е осуден на седум години затвор поради злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола. Ексградоначалникот на Битола веќе три години помина во домашен притвор, а за одлежување на казната во затвор му остануваат уште четири.
За истиот случај беше осуден и поранешниот секретар на Општина Битола, Слободан Бончановски, кому Апелација, исто така, му ја намали казната од шест години на пет години и шест месеци затвор. Нему за издржување му остануваат уште две години и девет месеци затворска казна.