Европската Комисија ги охрабрува сите во Северна Македонија да учествуваат во процесот на попишување на населението и додава дека пописот е дел од процесот за пристапување во ЕУ, јави МИА од Брисел.
Портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро, рече дека во Брисел постои задоволство што пописот е во тек во Северна Македонија.
„Ова е важна вежба. Точни податоци за бројот и карактеристиките на населението се суштински за спроведување на соодветни социјални, демографски и економски политики за добробитта на сите граѓани“,
изјави Писонеро.
Таа истакна дека Европската Унија очекува од властите во Северна Македонија пописот да се одвива согласно стандардите и регулативите на ЕУ, како дел од пристапниот процес за ЕУ.
„Сметаме на сите делови од општество позитивно да придонесат кон операцијата на попишување на инклузивен и конструктивен начин“,
рече Писонеро.
Населението во Северна Македонија не е попишано речиси дваесет години.