Едно лице го загуби животот во сообраќајна незгода што утринава се случила на автопатот Велес – Скопје пред тунелот кај Катланово, а уште едно лице е повредено, потврдија за „360 степени“ од СВР-Велес.
Во незгодата учествувало едно патничко возило, а во моментов се врши увид на местото на несреќата.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на автопатот Велес – Скопје, поради сообраќајката, од 10:45 часот е во прекин.
Повеќе детали ќе следуваат во текот на денот.