Од здобиените повреди на самото место починала 81-годишната Д. М. од Охрид, која била сопатничка во едно од двете возила што учествувале во несреќата, додека возачот и уште еден сопатник се тешко повредени
Повозрасна жена го загубила животот, а две лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на автопатот Тетово – Гостивар, близу местото „Неготинска клучка“, потврдија од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Во несреќата, како што соопштил портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, за МИА, учествувале патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, што го управувал 47-годишниот Г. В. од Охрид и возило „мерцедес“ со словенечки национални ознаки, а зад чиј волан бил 19-годишниот А. А. од Гостивар.
Од здобиените повреди на самото место починала 81-годишната Д. М. од Охрид, која била сопатничка во „пежото“.
„Со тешки повреди се здобиле возачот и уште едниот сопатник, сите од Охрид, констатирани во урегентното одделение во гостиварската болница“,
вели портпаролот на СВР Тетово.
За време на интервенцијата на спасувачките екипи и Брзата помош, сообраќајот на овој дел од патот (кон Гостивар од клучка за Неготино) е во прекин и возилата се пренасочуваат по помошните патишта.
Увид на местото на несреќата врши екипа при Одделението за внатрешни работи (ОВР) Гостивар во содејство со надлежен јавен обвинител.