Од кумановската општа болница потврдиле дека кај нив со возило на Итна помош во 17:38 часот било донесено машко лице со две прострелни рани на двете нозе. Поради сериозноста на повредите, лицето е препратено за Скопје
Денеска доцна попладне во Куманово се случило пукање во кое е повредено едно лице, потврдиле за МИА од Секторот за внатрешни работи Куманово, од каде што најавуваат повеќе детали по завршувањето на увидот.

Од кумановската општа болница потврдиле дека кај нив со возило на Итна помош во 17:38 часот било донесено машко лице со две прострелни рани на двете нозе.
Поради сериозноста на повредите, лицето е препратено за Скопје.
„По пружањето на првична здравствена помош, лицето со тим од вработени е препратено до васкуларна хирургија Скопје“, изјавила директорката на болницата, Биљана Ивановска.