Покрај државното и знамето на ЕУ, дел од присутните носат знамиња со ѕвездата од Кутлеш
„Едно име имаме“ пеат демонстрантите кои дојдоа на вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправда, реваншизам и политичко насилство, додека маршираат низ центарот на Скопје, движејќи се од Министерството за правда до Државното јавно обвинителство.

Движејќи се зад транспарент „Долу мафија, правда сега“, демонстрантите извикуваат „Македонија“, „Мафија на робија“, „Оставка“. Покрај државното и знамето на ЕУ, дел од присутните носат знамиња со ѕвездата од Кутлеш.

Колоната ја предводат членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, додека партискиот лидер Христијан Мицкоски и другите членови на раководството се во втората редица.
Ова е втор протест тематски посветен на неправдата, реваншизмот и политичкото насилство од серијата протести што ги најави опозицијата, која во изминатиот период маршираше и против поскапувањето на струјата и за заштита на ликот и делото на Гоце Делчев.
Според владејачкиот СДСМ, лицемерно и апсурдно е ВМРО-ДПМНЕ да протестира против неправда.