Наместа ќе има зголемена облачност и услови за слаб дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец
Променливо облачно време со сончеви периоди, најавуваат синоптичарите за денес. Наместа ќе има зголемена облачност и услови за слаб дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурата ќе се движи од 6 до 23 степени.

И во Скопје времето ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Според најавата од УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата се очекува да достигне од 11 до 22 Целзиусови степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека слично време се очекува и во текот на следните денови – променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец.
