Пред една година беше регистриран првиот случај од новиот коронавирус кај 55-годишен маж од кинеската провинција Хубеј. Оттогаш бројот на заразени лица во светот надмина 55 милиони, а повеќе од 1 300 000 луѓе починаа како последиците на ковид-19. Нулта пациентот, според „Чајна морнинг пост“, е регистриран на 17 ноември 2019 година во кинеската провинција Хубеј.
Тоа е повеќе од еден месец пред лекарите да ги регистрираат првите случаи во градот Вухан. Научниците се сомневаат дека ковид-19 од лилјак преминал на друго животно, кое подоцна го консумирал човекот, па затоа почнал да се шири меѓу луѓето.
Експертите тврдат дека од 17 ноември минатата година секој ден се пријавувале по неколку пациенти, а на 15 декември 2019 година тој број бил 27. Бројките тогаш почнаа нагло да се зголемуваат, а заразата ја помина кинеската граница.
Иако повеќе од 38 милиони луѓе се излекувале за една година, вирусот не стивнува и се чини дека врвот допрва доаѓа.
Денеска, најнаселената земја во светот, од каде што започна сè, регистрира неколку случаи на ден, во САД се забележуваа по 150 000 новозаразени дневно, а во некои европски земји над 40 000.
За споредба, во Кина од почетокот на пандемијата се заразиле малку повеќе од 86 000 луѓе, а 4 634 починале.
Во моментов, најмногу заразени има во САД, Индија, Бразил, Франција и Русија.