Секое преземање на какво било дејствие, како што рече Беловска, од кој било државен орган, надвор од предвидените одредби во членот 111, претставува грубо кршење на Уставот и упад во независноста и самостојноста на Уставниот суд
Единствен надлежен орган да одлучува за престанок на функцијата на судија на Уставен суд е самиот Уставен суд. Во 60-годишното постоење на Уставниот суд не постои случај да престане функцијата уставен судија по основ на остварување на старосна пензија.

Ова денеска на прес-конференција го изјави портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска, откако пред неколку дена Судскиот совет испрати известување до претседателот на Собранието, Африм Гаши, дека уставната судијка Добрила Каварска пред две години ги исполнила условите за старосна пензија. Од Судскиот совет тогаш појаснија дека не бараат разрешување на Кацарска, зашто тоа не е нивна надлежност, туку само испратиле официјално известување, како што рекоа, за запоснавање и евентуално натамошно разрешување од страна на надлежниот орган.
„Во врска со информациите доставени до Собранието дека судијката на Уставниот суд Добрала Кацарска исполнила услови за старосна пензија во јуни 2022 година, Уставниот суд на работен состанок одржан денеска со единствена точка на дневен ред, едногласно го донесе следниот заклучот, односно согласно член 51 од Уставот, секој е должен да го почитува Уставот и законите. Членот 109 изменет со амандманот 15 јасно и прецизно ја уредува постапката и надлежните органи за предлагање и избор на судиите на Уставниот суд. Согласно членот 111 од Уставот јасно се определени условите за престанок на функцијата на уставен судија и оттука станува јасно дека единствен надлежен орган да одлучува за престанок на судија на Уставен суд е самиот Уставен суд“,
рече таа.

Секое преземање на какво било дејствие, како што рече Беловска, од кој било државен орган, надвор од предвидените одредби во членот 111, преетставува грубо кршење на Уставот и упад во независноста и самостојноста на Уставниот суд.
На новинарско прашање дали судиите се солидаризираат со судијката Кацарска, спред неа, со денешниот заклучок судот го штити Уставот, својата независнот и самостојност.
Тригодишниот мандат на Добрила Кацарска како претседателка на Уставниот суд истече на 2 јуни, а за нејзин наследник на 4 јуни е избран судијата Дарко Костадиновски.
Пред неколку дена во јавноста имаше информација дека Судскиот совет испратил известување до претседателот на Собранието дека судијката Добрила Кацарска на Уставниот суд ги исполнила условите за остварување на старосна пензија, со што, како што се пренесе, го губи статусот на активен судија, што е услов еден судија да биде избран за член на Уставниот суд.
И претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во изјава за медиумите посочи дека основите за престанок на функцијата уставен судија ги уредува токму Уставниот суд, како и дека, според него, не може да се прави поистоветување меѓу членство во Судскиот совет и во Уставниот суд.
Според Уставен, функцијата на уставен судија престанува во случај ако судијата сам си поднесе оставка, а може да биде разрешен ако е осуден за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци или кога трајно ќе ја загуби способноста да ја врши функцијата.