Премиерот на Албанија, Еди Рама, го поздрави договорот меѓу СДСМ и ДУИ за формирање на нова Влада и смета дека овој ден е значаен за Албанците кои живеат во Северна Македонија.

„Значаен ден за Албанците од Северна Македонија, кои, благодарение на договорот со победникот на изборите, Зоран Заев, добиваат нова тежина во политичкиот живот на земјата. Честитки до сите, особено до Али Ахмети, кој со мудроста на своето раководство низ годините направи многу“,
напиша Рама на Твитер.