Станува збор за нефрологот Игор Николов, инаку претседател на Комисијата за здравство во ВМРО-ДПМНЕ. Тој, како што рече премиерот, бил еден од неговите советници ангажирани на полно работно време. Николов му бил советник за здравствена политика
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека еден од неговите советници во Владата на вчерашната владина седница е предложен да биде нов амбасадор на земјава во Франција. Станува збор за нефрологот Игор Николов, инаку претседател на Комисијата за здравство во ВМРО-ДПМНЕ.

Тој, како што рече Мицкоски, бил еден од советниците ангажирани на полно работно време. Николов му бил советник делот на здравствената политика.
„Еден од советниците којшто беше со полно работно време е професор доктор Игор Николов. Тој беше мој советник во делот на здравствената политика чијшто договор ќе престане бидејќи во текот на вчерашната седница беше предложен од страна на Владата да биде нов амбасадор на нашата држава во Франција“,
изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на касарната „Гоце Делчев“.
Премиерот одговараше на новинарско прашање дали јавно ќе бидат објавени имињата на неговите советници.
„Да, да, апсолутно“,
рече Мицкоски.
Одговарајќи на новинарски прашања на вчерашната прес-конференција во Владата, премиерот соопшти дека има 17 советници, а од нив, како што рече, тројца или четворица се со полно работно време и земаат месечен хонорар во висина од 90 илјади денари.