Како што информираат од ДЗС, зголемување на цените во споредено со месец септември има речиси кај сите производи и услуги, освен кај маслото и маснотиите, кај услугите за сместување, туристичките аранжмани, теписите и другите подни покривки, воздухопловниот патнички транспорт, градините, растенијата и цвеќињата, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства и за моторните возила каде е забележано нивно намалување
Државниот завод за статистика денеска соопшти дека трошоците за живот минатиот месец (октомври) во однос на истиот месец лани бележат зголемување од 19,8 отсто, а цените на мало од 15, 4 отсто.
Во однос на септември годинава, пак, трошоците за живот се поголеми за 1,4, а цените на мало за 0.6 отсто.
Како што информираат од ДЗС, зголемување на цените во споредено со месец септември има речиси кај сите производи и услуги, освен кај маслото и маснотиите, кај услугите за сместување, туристичките аранжмани, теписите и другите подни покривки, воздухопловниот патнички транспорт, градините, растенијата и цвеќињата, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства и за моторните возила каде е забележано нивно намалување
Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7,3 отсто, млекото за 5,9 отсто , сирењето и урдата за 5,7 отсто, месото за 3,6 отсто. Според ДЗС порастот на индексите на трошоците кај рибата и морските плодови се поголеми за 2,8 отсто, лебот и житата за 1,8 отсто, кафето, чајот, какаото за 1,4 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,1 отсто, виното за 0,9 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,5 отсто, пивото за 0,4 отсто и жестоките пијалаци за 0,3 отсто.
Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 4.6 отсто, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 3,7 отсто, цврстите горива за домаќинствата за 3,4 отсто, парамедицинските услуги за 1,8 отсто, гасот за домаќинствата, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, домашните миленици и сродните производи за 1,7 отсто, обувките, рестораните, кафулињата и слично за 1,6 отсто, облеката, другите апарати и производи за лична хигиена за 1,4 отсто, медицинските услуги за 1,3 отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1,2 отсто, игрите, играчките и хобијата за 1,0 отсто“,
информираат од ДЗС.
Малите електрични апарати за домаќинствата, производите за домаќинствата, според државниот завод за статистика поскапеле за 0.9 отсто, информатичката опрема за обработка на податоците за 0,8 отсто, малите алатки и останатите додатоци, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 0,7 отсто, течните горива за домаќинствата, текстилот за домаќинствата, медиумите за снимање за 0,6 отсто, поправките и изнајмувањето обувки, патниот патнички транспорт за 0,5 отсто, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето, поправката на апаратите за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0,4 отсто, големите електрични апарати за домаќинствата, домашните услуги и услугите за домаќинствата, електричните апарати за лична хигиена за 0,3 отсто, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите лични предмети за 0,2 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 3,6 отсто и маслото и маснотиите за 0,8 отсто.
Во октомври, според ДЗС исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 12,4 отсто, туристичките аранжмани за 10,4 отсто, теписите и другите подни покривки за 4,5 отсто, воздухопловниот патнички транспорт за 1,7 отсто, градините, растенијата и цвеќињата за 1,4 отсто, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1,1 отсто и за моторните возила за 0,7 отсто.