Ова е зголемување од 6,8 отсто во споредба со истиоот месец лани, а се должи на повисоките плати во услужните дејности и сместувањето, а пониски плати имало во рударството и земјоделството
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во февруари годинава изнесува 29.839 денари што е зголемување за 6,8 отсто во споредба со истиот месец од минатата година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи на повисоката исплатена просечната месечна нето плата по вработен во секторите: други услужни дејности за 13,2 отсто, објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 13,1 и стручни, научни и технички дејности за 11,6 отсто.
Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: рударство и вадење на камен за 7,5 отсто,земјоделство, шумарство и рибарство за 5,9 и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,3 отсто.