Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека ветрот го носи чадот кон автопатот Велес-Штип, поради што е побарана поддршка од Министерството за внатрешни работи за регулирање на сообраќајот
Опасноста на пожарот во месноста Дорутовец во Велешко е намалена, соопштија попладнево од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Сепак, и покрај дејството на „ертракторите“, велешките пожарникари, месното население и екипите на ЈП ,,Дервен“, пожарот е проширен во правец на патот Велес – Штип.

Од Дирекцијата соопштија дека ветрот го носи чадот кон автопатот и поради тоа е побарана поддршка од Министерството за внатрешни работи за регулирање на сообраќајот.
„Состојбата се следи од Главниот штаб за управување со кризи, во координација со екипите на терен“,
велат од ДЗС.
На гасење на пожарот, кој попладнево избувна во велешката месност Дорутовец, интервенираат две противпожарни возила со шест пожарникари од ТППЕ Велес и два „ертрактори“ на ДЗС.
ДЗС информира дека во државата до 18 часот попладнево се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор од кои активни се четири, а изгласнати се пет пожари.
