Се работи за 30-годишниот тетовец А.К. кој е осомничен дека заедно со тетовецот Н.Л. (34) околу 5 часот утрово фрлиле шишиња со запалива течност во спортска обложувачница-казино на улица „Илинденска“ во Тетово и предизвикале пожар
Две лица се приведени рано утрово во Тетово како осомничени за предизвикување пожар во обложувачница-казино во градот, во кој се повредени двајца полицајци.
Ова се случувало околу 5 часот по полноќ, а два часа подоцна тие се најдени и приведени.
Се работи за 30-годишниот тетовец А.К. кој е осомничен дека заедно со тетовецот Н.Л. (34) околу 5 часот утрово фрлиле шишиња со запалива течност во спортска обложувачница-казино на улица „Илинденска“ во Тетово и предизвикале пожар. Притоа, повредени се двајца полициски службеници, кои во објектот биле во врска со друг, претходно пријавен случај, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Триесетгодишникот А.К. е задржан во полициската станица во Тетово за расчистување и документирање на случајот, а полицијата најави дека ќе следуваат соодветни поднесоци за инволвираните.