Основното јавно обвинителство Битола побара парични казни од по 2 000 евра во денарска противвредност за две лица кои вчера без дозвола, пеш, се движеле низ градот во време кога во сила била забраната за движење.
Со тоа што не ги почитувале прописите донесени за сузбивање и спречување на ширењето на ковид-19, тие сториле кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.