Две години по уривањето на мостот Моранди во Џенова, градот го пушти во употреба новиот мост. Во трагедијата на 14 август 2018 година загинаа 43 лица и стотина беа повредени.
Уривањето на мостот Моранди, кој го носеше името по инжињерот кој го дизајнирал, се памети како една од најголемите трагедии во Италија во последните неколку децении.
„Од раните кои споро зараснуваат до симбол на новата Италија која се опоравува“,
рече италијанскиот премиер Џузепе Конте по повод отворањето на новиот мост.
Многумина од семејствата на загинатите и повредените при уривањето во 2018 година, одлучија да не присуствуваат на годинешното отворање бидејќи не сакаат тоа да се претвори во парада, туку напротив, да се задржи нивото на споменот кон жртвите.
Трагедијата во фокус ја стави компанијата која беше задолжена за одржувањето на мостот, а сега се соочутваат со обвиненија за фалсификување на безбедности извештаи и бројни грешки во држувањето на мостот.