Вкупно 22 лица, од кои две се малолетни, го прекршиле полицискиот час во Неготино. Тамошната полиција доставила кривични пријави до обвинителството во Кавадарци за период од 25 до 29 март.
Двајца од нив патувале со возило во Неготино и околината. Другите се движеле пеш во градот Неготино и селата Корешница и Тремник.
Основното јавно обвинителство Кавадарци за полнолетните лица поднесе предлози за издавање казнени налози за сторено кривично дело и прекршување на Кривичниот законик во делот за време на епидемија и ширење зразна болест. Предложено е за секое од лицата да се изрече парична казна во висина од 40 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност, односно по 600 евра за секого.
За двете деца ќе се води постапка пред Основниот суд Кавадарци, како стварно надлежен суд за постапување во предмети против деца.