Полицајци од чешкиот контингент, кои се дел од мешаните полициски патроли на македонско-грчката граница, се заразени од ковид-19.
Се работи за 12 од вкупно 40 припадници на овој контингент, а дека се заразени било откриено на скринингот пред заминувањето од Македонија.
Според Сашко Олумчев од Центарот за јавно здравје од Гевгелија, полицајците биле без симптоми, но по позитивните тестови се во карантин. Во изолација се и нивните колеги со кои имале контакт.
Во тек е тестирање на уште 30 полицајци кои се од Австрија и од Словенија.
Странските полицајци, заедно македонските гранични полицајци, вршат контрола врз јужната граница за да спречат илегална миграција на балканската рута.