Маж и жена се жртви од овој ракетен напад од Русија, тврдат украинските претставници кои наведуваат и дека на 13 згради биле уништени прозорците
Во руски ракетен напад загинаа две лица во јужниот украински град Запорожје, објавија локалните власти.
Секретарот на градскиот совет во Запорожје, Анатолиј Куртиев, објави дека „непријателски проектил“ погодил отворен простор.
„За жал, загинаа маж и жена. Повредена е уште една жена“,
напиша Куртиев на Телеграм.
Спасувачките екипи биле забележани како ги носат жртвите покрај железничката пруга на неколку стотини метри од станицата во центарот на градот, пренесува „Ројтерс“.
„Експлозијата ги урна прозорците на високи згради и оштети зграда на образовна институција и супермаркет“,
наведе Куртиев.
Според неговите тврдења, биле уништени прозорците на вкупно 13 згради.