Двајца припадници на Армијата се позитивни на коронавирус, соопштија од Генералштабот.
Станува збор за подофицер и војник, од кои едниот извршувал задачи во гарнизонот Скопје, а другиот работел во воениот ресторан во касарната „Илинден“ како помошен персонал.
„Веднаш по сознанието за случајот во војничкиот ресторан е извршена целосна дезинфекција и преземени се сите потребни заштитно здравствено епидемиолошки мерки, а ресторанот ќе биде затворен наредните 24 часа, при што на персоналот ќе му биде делен сув оброк. На целокупниот персонал за кој се претпоставува дека бил во контакт со лицето му е одредена изолација, и истиот од утре ќе биде сменет со комплетно нов персонал“,
информираат од Армијата.
Оттаму додаваат дека двајцата припадници на АРМ во претходните неколку дена биле превентивно во самоизолација, откако членови на нивните семејства се посомневале во симптомите, но потенцираат дека не патувале во странство.