Двајца скопјани се повредени од огнено оружје синоќа, дваесет минути по полноќ, на ул. „Ферид Бајрам“ во Бутел, по што се пренесени во болницата „Систина“ за укажување медицинска помош.
Од МВР го потврдија инцидентот. Полициски службеници излегле на самото место и било констатирано дека И.А. (29) и С.Р. (35) биле повредени од огнено оружје и бил оштетен автомобилот марка „ауди“, сопственост на Е.С. (33) од Скопје.
МВР не објавува други детали. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.