Претпладнево Загреб го стресоа два последователни земјотреса.
Првиот, во 9:52 часот, бил со јачина 3,2 степени според Рихтеровата скала и се почувствувал низ целиот град и околината, јавуваат хрватските медиуми.
Седум минути подоцна, пак, се почувствувал уште еден потрес, но тој бил послаб, со магнитуда од 2,3 според Рихтеровата скала.
Вчера главниот град на Хрватска регистрирал уште еден земјотрес. Тој бил во 16:17 часот, со магнитуда од 1,4, а епицентарот бил на 21 километар северозападно од градот.
Денешните и вчерашниот земјотрес следуваат на точно еден месец откако загрепчани го почувствуваа земјотресот со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала. Овој земјотрес предизвика значителни материјални штети, а едно петнаесетгодишно девојче почина како последица на повредите.