Состојбата на ранетите не е позната, а осомничениот е во притвор и не се познати причините за нападите
Два оружени напади се случиле денеска со Атланта, во сојузната американска држава Џорџија, во кои едно лице е убиено, а најмалку тројца се ранети, јавува Си-ен-ен.
Полицајците првично излегле на терен поради пукањето што се случило околу 14 часот по локално време.
По пристигнувањето, полицајците откриле две лица кои биле застрелани. Едната од жртвите починала, а другата е пренесена на лекување во болница, се вели во соопштението на полицијата.
Веднаш потоа следел и втор повик за престрелка, а според полицијата тоа се случило во 14:15 часот.
Состојбата на ранетите не е позната, а осомничениот е во притвор и не се познати причините за нападите.