Владата ја разгледа Информацијата во врска со изготвување електронски картички за патнички возила од Србија, кои би транзитирале на Коридор 10 за време на летната сезона
Во шпицот на летната туристичка сезона, нема да плаќаат патарина туристите од Србија кои ќе поминуваат на С Македонија.
Владата денеска донесе одлука со која е потврдена најавтаа за ослободување на српските граѓани од плаќање патарина, во знак на благодарност кон соседната земја за вакцините против ковид-19.
На денешната седница, Владата ја разгледала Информацијата изготвена од ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт и врски, а во врска со изготвување електронски картички за патнички моторни возила на туристи од Србија, кои би транзитирале на Коридор 10 за време на летната сезона, односно во периодот од 15.06.2021 до 15.08.2021 година.
Министерството за финансии треба да префрли средства во износ од 172 милиони денари за набавка на 200 000 картички на сметката на Владата, а ЈП за државни патишта да изврши сукцесивна испорака на предвидените количини.
„Се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта, откако ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, истите да ги врати на сметката на буџетот на Северна Македонија. Министерството за внатрешни работи е задолжено за распределба на електронските картички на возилата со српски туристи кои ќе влегуваат на територијата на Северна Македонија преку граничниот премин ‘Табановце”’,
соопштија од Владата.