Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ кои во текот на вчерашниот ден беа ангажирани во гасење и локализирање на пожарот во реонот на Старо Нагоричане каде исфрлија повеќе од 50 тони вода, од раните утрински часови се ангажираа на пожарот кај Кочани, информира Министерството за одбрана (МО).
Пожарот кај Кочани локализиран, но противпожарните служби остануваат на терен
„Два хеликоптери непрекинато учествуваат во гасењето на пожарот и ставање под контрола, а еден хеликоптер е во целосна подготвеност за ангажирање. Во исто време во касарните во целосна подготвеност за ангажирање се ставени уште илјада припадници на Армијата кои во случај на укажана потреба ќе бидат ангажирани во истиот момент“,
велат од Министерството за одбрана.
Ова, било дел од заклучоците на денешниот итен состанок на министерката Радмила Шекеринска со началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски и армискиот врв, за координација на учеството на Армијата во справувањето со пожарите.
Влада: Стапува во сила целосна забрана за движење во шумските предели
Вчеравечер, по издадената наредба од претседателот Стево Пендаровски, началникот на генералштабот на Армијата издаде наредба за ангажирање на сите потребни капацитети на Армијата за справување со пожарите кои се присутни на територијата на Републиката.
Припадниците на Армијата во координација со сите инволвирани субјекти отпочнаа со координиран и насочен ангажман со ангажирање на потребен број на персонал и средства при што во доцните вечерни часови стотина армиски припадници се вклучија во гаснењето на пожарот кај Кочани, додека од раните утрински часови потребен број на припадници на армијата се вклучија во гасење на активниот пожар во реонот на Делчево и Пехчево.
Активни неколку пожари низ земјава, во гаснењето вклучена и војската