Според состојбата со активни пожари до денеска до 9:30 часот, пожарот кој започна на тромеѓето помеѓу селата Степанце, Жегљане и Малотино во општина Старо Нагоричане е сè уште активен
Во општина Кочани активен е пожар кој беше предизвикан од паднат далековод кај местото викано Костин Дол и истиот за кратко време се има проширено кон шумски предел и е надвор од контрола
Сè уште се активни пожарите во кумановско, во струмичкиот, битолскиот, штипскиот и скопскиот регион, објавија утринава од Центарот за управување со кризи. Во гаснење на пожарите активно интервенираат пожарникарите, а во одредени делови во гаснење на пожарот вклучени се и припадниците на АРСМ.
Според состојбата со активни пожари до денеска до 9:30 часот, пожарот кој започна на тромеѓето помеѓу селата Степанце, Жегљане и Малотино во општина Старо Нагоричане е сè уште активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, сува трева, црн бор, и багрем на поголема површина.
Пожарот кај Кочани локализиран, но противпожарните служби остануваат на терен
„Во гаснењето на пожарот интервенирале девет пожарникари со две возила од ТППЕ Старо Нагоричане, четири пожарникари со едно возило од ТППЕ Куманово, четири пожарникари со едно возило од ТППЕ Ранковце, 11 лица од Куманово, три лица од месното население. Од утрото во гаснењето на пожарот бил вклучен и хеликоптер на АРСМ. Поради ветерот пожарот е проширен на поголема површина. Хеликоптерот дејствувал до 12 часот, и во попладневните часови. Со пожарот се зафатени и неколку стари куќи. Пожарот е сè уште активен. Што се однесува до пожарот во атар на селото Дренак, таму во повисокиот дел од селото со пожарот биле зафатени неколку стари напуштени куќи, опожарена е една црква и училиштето. Со пожарот е зафатена сува трева и ниска деградирана шума“,
информираат од ЦУК.
Влада: Стапува во сила целосна забрана за движење во шумските предели
Активен е пожар и во атар на селото Мургаш. Со пожарот е зафатена поголема површина на сува трева, нискостеблеста деградирана шума. Со пожарот биле зафатени и стари куќи во Мургаш. Причина за пожарите е силниот ветер кој направил спој на жици кои предизвикале повеќе пожари, информираат од ЦУК. Во општина Липково пожарот во атар на селото Белановце е уште активен. Гори сува трева и дабова шума. Во гаснењето на пожарот интервенирале три лица од Куманово и 20 мештани.
Во општина Крива Паланка во селото Варовиште запалена е сува трева, ниско стеблеста деградирана шума и дабова шума. Според информацијата од полициска станица Крива Паланка веќе се изгорени една куќа и една штала.
(ФОТО) Армиски хеликоптери го ставаат под контрола пожарот кај кочанското село Костин Дол

Ангелов: Можно е прогласување кризна состојба на целата или на дел од територијата
Во однос на Струмички регион, шумскиот пожар кој се појави околу завчера околу 13 часот кај местото викано Погана, општина Валандово е сè уште активен. Поради појава на засилен ветер од северен правец пожарот е проширен во правец на Богданци и Казан Дол. Во гаснењето на пожарот интервенирале екипи на ТППЕ Валандово, од ШС Саланџак и ДЗС Валандово. Во Битолски регион, пожарот кој започнал од запалено стрниште во атарот на селото Канатларци, општина Прилеп сè уште е активен и е проширен во атарот на с.Мусинци, општина Могила.
„Има зафатено поголема површина на сува трева. На терен интервенира екипа од двајца пожарникари со едно противпожарно возило од ТППЕ Прилеп и четири пожарникари со едно противпожарно возило од ТППЕ Битола како и поголем број на жители од селото со сопствени трактори. За настаната состојба известени се ДЗС Прилеп и СВР Прилеп како и ЕЛС Могила, ЕЛС Новаци, ДЗС Битола, ШС Кајмакчалан Битола и СВР Битола. Во општина Прилеп пожарот во атарот на селот Ореовец е под контрола. На терен има екипа од три пожарникари со едно противпожарно возило кои ги обезбедуваат куќите од селото. Пожарот на запалена сува трева и нискостеблеста шума во атарот на с.Топлица, општина Прилеп сè уште е активен и има зафатено голема површина. Во гаснењето интервенирале осум пожарникари со две протипожарни возила“,
информираат од ЦУК.
Во општина Кочани активен е пожар кој беше предизвикан од паднат далековод кај местото викано Костин Дол и истиот за кратко време се има проширено кон шумски предел и е надвор од контрола. За истиот е побарана интервенција од воздух. Во гаснењето на пожарот интервенирале девет пожарникари со едно протипожарно возило од ТППЕ Виница, а направени се напори да бидат ангажирани сили на АРСМ и ДЗС. Според последните информации, пожарот е сè уште активен.
Во Скопски регион, запалена е мешана шума во атар на Катлановска бања кон селото Градманци и село Коњари.
Во гаснењето на пожарот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило. Утрово екипа од тројца пожарникари со едно возило е отидена во гаснење на пожарот кој сè уште е активен.