Исто одговориле и 70,7 отсто од оние што се изјасниле дека се гласачи на ВМРО-ДПМНЕ и 83 % од поддржувачите на Левица. Податоците ги објави извршниот директор на „Евротинк“, Димитар Николовски, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат
Бугарија е закана за Македонија, одговориле 80,9 отсто од поддржувачите на СДСМ опфатени со анкетата насловена „Еврометар“, која за потребите на „Евротинк“ – Центар за европски стратегии ја спровела агенцијата „Брима“ преку компјутерски асистирана телефонска анкета во периодот од 12 до 27 декември 2022 г. на репрезентативен примерок од 1 006 испитаници. Исто одговориле и 70,7 отсто од оние што се изјасниле дека се гласачи на ВМРО-ДПМНЕ и 83 % од поддржувачите на Левица. Податоците ги објави извршниот директор на „Евротинк“, Димитар Николовски, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.
Од оние што гласаат за Алијанса за Албанците, пак, 68,2 отсто сметаат дека Бугарија е закана за Северна Македонија, а тоа го мислат и 61,4 % од гласачите на БЕСА и 58,7 % од оние што ја поддржуваат ДУИ.
Ако има држава/организација што е закана, која е таа држава или меѓународна организација која претставува закана за Македонија?
ВМРО-ДПМНЕ | СДСМ | Алијанса за Албанците | БЕСА | ДУИ | ДПА | Левица | |
Нема непријател | 7.0 | ||||||
Грција | 2.5 | ||||||
Бугарија | 70.7 | 80.9 | 68.2 | 61.4 | 58.7 | 24.0 | 83.0 |
Албанија | 2.2 | 9.5 | |||||
Косово | 9.3 | 1.9 | 3.5 | ||||
САД | 2.3 | 3.3 | 1.8 | ||||
ЕУ | 4.8 | 0.8 | |||||
НАТО | 0.6 | ||||||
Турција | |||||||
Русија | 2.3 | 0.8 | 24.6 | 34.1 | 21.6 | 76.0 | |
Кина | 5.0 | ||||||
Србија | 7.3 | 13.9 | |||||
Германија | 1.4 | 2.3 | |||||
Франција | 0.9 | 2.4 | |||||
Друго | 2.1 | 1.4 | |||||
Не знам/одбива да одговори | 2.2 | 4.5 | 0.8 |
За ваквите бројки, аналитичарот Џелал Незири во емисијата „360 степени“ коментира дека повеќе се перцепција на граѓаните отколку реален ризик.

„Мислам дека бугарското вето влијаеше на голем дел од граѓаните на Северна Македонија да имаат негативна перцепција за Бугарија затоа што Северна Македонија не се интегрира во ЕУ на етничка основа, таа се интегрира како држава, како целина и кога една држава блокира земја аспирант, во конкретниот случај Бугарија ја блокира Северна Македонија за историско прашање кое е поврзано само со еден народ, односно само со македонскиот народ, не значи дека албанскиот народ ќе оди напред и ќе се интегрира. Значи, тоа се поврзаните судбини кои потоа се пресликуваат и во анкетите дека Бугарија се гледа како закана за самата држава, но и за граѓаните. Мислам дека тоа е повеќе резултат на она што е јавната агенда на земјата, она што е главна тема во јавната сфера и создавање мислење каде што за сè е виновна Бугарија. Факт е дека Бугарија стави вето, но не мислам дека Бугарија е закана за Северна Македонија како држава и мислам дека ова е повеќе перцепција на граѓаните отколку реален ризик“,
вели Незири.
На прашањето, пак, кој е најголем пријател на Македонија, 58,2 отсто од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле дека тоа е Србија. Така сметаат и 41,9 отсто од гласачите на СДСМ. Кај албанското гласачко тело, пак, мислењата по ова прашање се различни. 29,2 проценти од гласачите на Алијанса за Албанците сметаат дека најголем пријател ни е Европската Унија, а истото мислење го имаат и 35,9 отсто од гласачите на ДУИ. Од гласачите на БЕСА, пак, најголем дел – 27,8 сметаат дека тоа е ЕУ, а 25,1 дека најголем пријател е САД.
Според вас, која држава или меѓународна организација е најголем пријател на Македонија?
ВМРО-ДПМНЕ | СДСМ | Алијанса на Албанците | Алтернатива | БЕСА | ДУИ | ДПА | Левица | |
Грција | 2.3 | |||||||
Бугарија | .2 | 2.6 | 2.7 | |||||
Албанија | .3 | 6.7 | 11.8 | 2.4 | ||||
Косово | 4.4 | 15.0 | 11.3 | 24.2 | ||||
САД | 4.6 | 15.5 | 17.9 | 25.1 | 28.3 | 16.8 | 9.0 | |
ЕУ | 6.6 | 29.2 | 27.8 | 35.9 | 4.9 | 6.3 | ||
НАТО | 1.7 | 2.7 | 5.8 | 10.2 | 7.4 | 1.4 | ||
Турција | 10.5 | 4.7 | 22.8 | 6.3 | 5.4 | 43.3 | 14.1 | |
Русија | 6.6 | 9.4 | ||||||
Кина | .5 | 1.1 | ||||||
Србија | 58.2 | 41.9 | 3.2 | 8.3 | 48.9 | |||
Германија | 2.8 | 4.7 | 10.0 | 1.2 | 6.2 | 2.5 | ||
Франција | 1.8 | |||||||
Нема пријатели | 10.8 | 11.3 | 8.9 | |||||
Друго | .5 | |||||||
Не знам/одбива да одговори | 2.5 | 5.0 | 3.0 | |||||
Хрватска | .9 | .8 | .9 |
Новинарот Незири смета дека на градењето мислење кај граѓаните за друга земја влијаат повеќе фактори како медиумите, политичарите и партиите.
„Анкетите секогаш го даваат резултатот на она што се нарекува формирање мислење во една земја, значи една интеракција на различни фактори како медиумите, политичарите, партиите за градење негативно или позитивно мислење за една земја во конкретниот случај. И во овој случај мислам дека се работи повеќе за перцепцијата на луѓето“,
додава Незири.