И министерот за здравство Арбен Тараври денеска реагираше на прес-конференцијата на „Европски фронт“, на која го обвинија дека врши психолошки притисок врз организациските директори за да се повлечат. Рече дека тоа била сосема непотребна позиција со која ДУИ ги честела своите луѓе

Укинувањето на економските директори во болниците и клиниките беше предизборно ветување и ќе се спроведе за да се врши работата без пречки. Ова денеска го изјави пратеничката на коалицијата „Влен“, Саранда Имери.
Имери рече дека нема да дозволат партиски активисти да се вработат на позиции на товар на џебот на граѓаните, но посочи дека ќе се посветат на поефикасни услуги за граѓаните и пациентите.
Оваа реакција доаѓа по обвинувањата на „Европскиот фронт“ дека министерот Арбен Таравари врши психолошки и институционален притисок до ниво на закани врз организациските директори, но и врз медицинските директори на клиниките, за тие, иако имаат мандат, да се повлечат од функцијата.
„ДУИ се обидува да го заштити криминалот на своите директори кои ќе излезат од вонредните ревизии што ги најавуваме. Беа на власт и не знам зошто не ги регулираа нивните позиции и статусот на вработените, туку ги искористија за купување на гласови и сега леат крокодилски солзи“,
рече Имери.
И министерот за здравство Арбен Тараври денеска реагираше на прес-конференцијата на „Европски фронт“, на која го обвинија дека врши психолошки притисок врз организациските директори за да се повлечат.

„Од ДУИ имаа реакција каде плачеа зошто е тргната функцијата економски директор во Министерството за здравство. Сосема непотребна позиција со која ДУИ ги ‘честеше’ своите луѓе. Значи, ДУИ ѝ замери на Владата што штеди пари на граѓаните и ги раскинува коруптивните врски изградени од ДУИ“,
нагласи Таравари.
Според него, на ДУИ ѝ се потребни две работи – добар тим од адвокати за да се брани од обвиненијата што ѝ се подготвуваат и да сфати дека барем сега кога е во опозиција мора да го смени нејзиниот коруптивен менталитет.