ДУИ не е запознаена со содржината на иницијативата на СДСМ за свикување на Собранието и досега не е побарана поддршка или консултација за ова прашање, велат од партијата потенцирајќи дека сите одлуки би требало да се носат со општо консензус и широка поддршка.
„Ние не сме запознаени со содржината на иницијативата на СДСМ и досега не е побарана поддршка или консултација за ова прашање. Во однос на сите прашања поврзани со тековната состојба која ги засега сите граѓани подеднакво, би било добро да се решаваат со општ консензус и широка поддршка. Консензуално го распуштивме Собранието, исто така консензуално и ги одложивме изборите. Секако ќе ја разгледаме иницијативата штом ќе се достави во Собранието“,
порачуваат од ДУИ, пренесува МИА.
*Поврзана вест:
СДСМ собира пратенички потписи за Џафери да го свика Собранието
Спасовски: Добро е Собранието да функционира
ДПА е за свикување на Собранието и формирање влада на национално единство
Мисајловски за свикувањето на Собранието: Заев си носи лични решенија на штета на државата