По СДСМ, и владејачката Демократска унија за интеграција го осуди „насилството и антиевропските инциденти што се случија вечерва на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица“. Насилните протести, според ДУИ, се проруски чин и спореведување на агендата на Москва.
„Проруските партии кои водат насилни протести против евроинтеграциите ја спроведуваат агендата на Москва за дестабилизација на земјата и регионот, но за среќа овие помали партии немаат поддршка од граѓаните.
Ги повикуваме политичките партии во земјата кои се назначени за европска Македонија, да се оградат од овие деструктивни агенди и да работат заедно за интеграција во Европа со целосно почитување на идентитетот, културните и јазичните карактеристики на сите нас“,
соопштија вечерва од ДУИ.
Иако од ДУИ директно ги именуваа организаторите на протестот, во делот каде се споменуваат проруски партии и Москва, нема повеќе детали за тоа на кого точно се однесува епитетот. За самите настани, пак, од ДУИ велат дека биле налик 27 април.
„Граѓаните вечерва беа сведоци на обидот да се повтори сличниот напад врз највисокото законодавно тело во државата како на 27 април 2017 година од политички партии и поединци кои воопшто не размислуваат за иднината на граѓаните и на Република Северна Македонија.
Во решавачките моменти за државата, во моментите кога се пишува историја и се поставуваат темелите на европскиот пат, Демократската унија за интеграција ги уверува институциите и граѓаните дека нема да дозволи во ниту еден момент да скршне од патот на Евро-американско пријателство и европската интеграција“
соопштија од ДУИ.