Во новиот битолски Совет, ВМРО-ДПМНЕ освои 13 советнички места, а СДСМ две помалку, Левица има два мандати, додека ЛДП/ДОМ е со еден советник, исто колку и ДУИ, а дури три советнички места и припаднаа на независната листа, предводена од Габриела Илиевска
Политиката треба да се тргне од локалната самоуправа. Јас ќе се обидам да направам спој меѓу сите од Советот на општина Битола за да работиме доброто на градот, граѓаните“, рече Тони Коњановски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за битолски градоначалник, во дуел со својот противкандидат од СДСМ, Христо Кондовски.

Според Кондовски, шареноликоста на новиот Совет на општина Битола ќе биде предност, а не недостаток во функционирањето на идната локална самоуправа.
„Сметам дека токму со овој Совет можеме да ја исполниме програмата 100 проценти. Ваков совет ќе ги унапреди состојбите во локалната самоуправа. Со ваков совет дури и ќе го изгубиме багажот на
рече Кондовски.
еднополитичка припадност и еднополитичка доминација. Тој совет, не малку, туку дефакто ќе бидегГраѓански совет и ќе може да придонесе за реализација на сите проекти, не само од нашата програма, туку и нешто плус од тоа“,
Неговиот противкандидат, пак, оцени дека бранот на промените ја зафати Македонија.
„Сакам да ги ослободам граѓаните од притисоците со кои се соочуваат во текот на целата кампања, а како се ближи денот од вториот круг на изборите тоа е се поинтензивно“,
тврди Коњановски.
Тој рече дека идејата е во следните денови да им пристапи на граѓаните повторно и да ги обедини.
„Сакам заеднички да придонесеме за иднината на градот“,
рече Коњановски.
Според него, граѓаните сами ќе препознаат кој е реален и кој ќе во работи во нивни интерес и во интерес на градот.
Во Советот на Битола, кој брои 31 член, ВМРО-ДПМНЕ освои на 17 октомври 13 советнички места, а СДСМ две помалку, Левица има два мандати, додека ЛДП/ДОМ имаат еден советник, исто колку и ДУИ. Дури три советнички места освои независната листа, предводена од Габриела Илиевска.
Коњановски, пак, во првиот круг освои над 19, 5 илјади гласови наспроти близу 18 илјади за Кондовски, додека третиот кандидат, кој испадна од понатамошната трката – Горан Милевски од ЛДП, имаше околу 3,3 илјади гласови. Во вториот круг, гласањето почнува од нула.