Изјавите на Дуда беа критикувани од претставници на владејачката проевропска коалиција во Полска
Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека не е сигурен дали Украина ќе успее да ја врати контролата врз Крим, анектиран од Русија, но верува дека може да ги врати Донецк и Луганск.
Во интервјуто на каналот на Јутјуб на Канал Зеро, Дуда ја повтори својата поддршка за Украина и ставот дека Киев мора да ја врати контролата врз целата нејзина територија за да ја одврати Москва од натамошна агресија, но на прашањето дали верува дека Украина навистина ќе може повторно да го преземе Крим, рече дека е тешко да одговори на тоа.
„Не знам дали (Украина) ќе го врати Крим, но верувам дека ќе ги вратат Донецк и Луганск“,
рече Дуда, пренесе Танјуг, цитиран од Ројтерс.
Дуда истакна дека Крим историски долго време бил во рацете на Русија.
Изјавите на Дуда беа критикувани од претставници на владејачката проевропска коалиција во Полска.
„Би сакал да го потсетам Дуда дека кај нас има градови кои во текот на историјата и припаѓале на Полска пократко отколку на друга земја“,
напиша претставник од најголемата група во владата, Граѓанската коалиција, Роман Гиертих на социјалната мрежа Икс.
На изјавите на Дуда реагираше и украинскиот амбасадор во Полска, Васил Звариќ, кој на социјалната мрежа Икс напиша дека Крим е дел од Украина и ќе остане.
Звариќ изјави дека ослободувањето на Крим од Русија е „заедничка задача на Украина и слободниот свет“.