По објавите на „360 степени“ за 19-годишниот пациент од Кичево, чие семејство беше известено дека има четири негативни теста на ковид-19, а во евиденцијата на Институтот за јавно здравје стои дека еден тест бил позитивен, ќе се спроведува детална истрага.
Како што информира утринава Министерството за здравство, инспекциски надзор ќе спроведе Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
„Во врска со пациентот, момчето од Кичево за кое семејството тврди дека нема позитивен резултат на ковид-19, а во евиденцијата на Институтот за јавно здравје се забележани 3 негативни и 1 позитивен резултат на ковид-19, Министерството за здравство информира дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе спроведе инспекциски надзор со цел целосно разрешување на случајот“,
соопштија од Министерството за здравство.
*Поврзани вести:
Пациент од Кичево по грешка заведен како позитивен на ковид-19, семејството бара одговорност