Вчера Телма ТВ објави дека долгот на Клиничкиот центар достигнал седум милиони евра и дека, според информациите на телевизијата, скопските клиники три години не ги плаќале сметките
Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека државата ќе обезбеди средства за сервисирање на долгот за струја на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, за којшто во јавноста излегоа информации дека изнесува седум милиони евра.
„Мора да бидеме свесни дека Министерството за здравство помина низ еден долг процес на борба со корона кризата и тогаш сите граѓани беа згрижени без да има какво било нарушување на процесот на пружање на такви услуги. Сите ресорни министри кажаа дека е обврска на државата да обезбеди здравствени услуги, и во оваа сега енергетска криза исто како и образовни услуги што го правиме преку нудење на електрична енергија по пониски цени од берзанските преку ЕСМ. Исто ќе направиме и со финансиски средства и за фирми како ЕСМ, како и за други витални функции на државата“,
рече Ковачевски.
Вчера Телма ТВ објави дека долгот на Клинички достигнал седум милиони евра и дека, според информациите на телевизијата, скопските клиники три години не ги плаќале сметките, ниту пак доставиле гаранција, која би ги спасила од исклучување.