Заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 227 963 граѓани
На вакциналните пунктови во државата, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 227 963 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3 278 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11 104 граѓани.
Во државата вкупно се аплицирани 267 167 дози вакцини, а ревакцинирани се 54 600 граѓани. Со последните бројки 46% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 40% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Досега бројот на лица што изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 425 422 граѓани.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во „А1 арената“ во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.