На клиниките се лечат вкупно 100 пациенти, од кои 12 се на респиратор
Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти во 9 града и тоа: Куманово -72, Скопје – 22, Струга – 19, Велес – 6, Гевгелија -3 и во Штип, Охрид, Кавадарци, Крива Паланка по еден.
На клиниките во земјава се наоѓаат вкупно 100 пациенти од кои 12 се на респиратор.
На инфективната клиника во Скопје изминатите 24 часа се примени 3 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 5 се на механичка вентилација и 25 со потешка слика и кисородно зависни. Останатите пациенти се стабилни.
Во ГОБ „8 септември“, примени се 6 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 29. Со потешка клиничка слика 5 пациенти, а вкупно на респираторна машина се 7.
Во Болницата во Битола се лекуваат 7 пациенти од кои 1 пациент е во тешка општа состојба и на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат 12 пациенти.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат 9 пациенти и нивната состојба е стабилна.
*Поврзана вест
Состојба со ковид-19 во изминатите 24 часа: Двајца починати и 19 нови случаи