Дополнително треба да се регулира начинот на ослободување од работа на родители на школски деца до 10 години и на деца во градинка, најави денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска.
„Таа мерка трае, не треба да се донесува. Станува збор на кој начин ќе се регулира ослободувањето и на кого, кога градинките и училиштата ќе почнат да работат. Во моментот кога таа одлука ќе биде донесена на Влада, јавноста ќе биде информирана“,
рече Царовска одговарајќи на новинарско прашање, дали по вчерашната одлука за отворање на градинките и почнувањето на наставата на 1 октомври, оваа мерка ќе се укине.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера во изјава за ТВ 21 најави дека таква одлука ќе се носи најверојатно следната недела.