На аеродромите во Москва и Санкт Петербург со добиени анонимни дојави за поставени бомби, а проверката е во тек, објави новинската агенција ТАСС.
Извор од секторот за итни случаи изјави за ТАСС дека властите се предупредени дека се поставени бомби и во авиони паркирани на аеродромите во Москва.
Портпаролот на аеродромот „Пулково“ во Санкт Петербург за ТАСС изјави дека тимовите проверуваат девет авиони и најави дека е можно некои летови да бидат одложени.
Претходно, ТАСС ја пренесе изјавата на извор од секторот за вонредни ситуации, дека аеродромот во Краснодар добил анонимна дојава за бомба. Меѓутоа, портпарол на меѓународниот аеродром рече дека се работи за лажна дојава и дека аеродромот функционира нормално и нема одложени летови.