Црногорските власти од април годинава се соочија со околу 200 дојави за бомби, со сличен проблем периодов се справува и Србија, како и Северна Македонија
Нов бран дојави за бомби пристигнати на електронски адреси на повеќе училишта го главниот црногорски град Подгорица утрово ги испразни училишните клупи, јавува Вијести.ме.
Дојави стигнале во шест основни и три средни училишта, во кои полицијата прави проверки.
Ова не е првпат мејлови за наводно поставени бомби да пристигаат во црногорски училишта и институции. Првиот бран дојави беше регистриран во април годинава кога беа пратени пораки на електронските адреси на 178 образовни институции, 12 општини и по една во Службата за заштита и спасување, Центарот за безбедност и комуналната полиција.
Минатиот четврток, пак, имаше дојава за бомба во Вишиот суд во Подгорица.
Со заканувачки пораки за поставена експлозивна направа изминатиов период се соочија и српските власти, а низа дојави беа испратени во школи кај нас. Минатата недела дојави имаше и за Народната банка, неколку трговски центри, полициската станица „Беко“ и Железничката станица.
Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC