Минатата недела имаше дојави за бомби три дена по ред во основни и средни училишта во главниот град
Дојави за поставена бомба денеска пристигнале на електронските адреси на 14 професори во едно скопско средно училиште, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„На 14.02.2023 во 13.54 часот на приватни електронски адреси на 14 професори е упатена закана за поставена експлозивна направа во едно скопско средно училишта. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
велат од МВР.
Минатата недела имаше дојави за бомби три дена по ред во основни и средни училишта во главниот град. Последната, на 9 февруари, пристигна на адреса на 13 основни и шест средни училишта.
Сите дојави досега се покажаа како лажни.