Ова беше прва дојава за бомба за училиште надвор од Скопје
Дојавата за бомба во основно училиште во Крива Паланка е лажна, утврдила полицијата по направените антитерористички проверки.
Ова беше прва дојава за бомба за школо во друг град откако сите претходни беа за училишта во Скопје.
До вчера дојави стигнуваа само на електронските адреси на средни училишта, а од вчера вакви пораки почнаа да пристигнуваат и во основни училишта.
Конкретно, вчера имаше дојави за осум средни и две основни училишта во Скопје и сите беа лажни.
Денеска, пак, покрај за Крива Паланка, МВР информира дека пристигнале пријави од објекти на основно училиште во Петровец. Меѓутоа, министерот Оливер Спасовски предмалку изјави дека всушност станува збор за дојави што до директорката во Петровец биле испратени вчера, но таа не ја видела порака на мејл, па пријавиле денеска веднаш што ја забележала.