Град Скопје ги додели првите 100 евра за најдобра фотографија направена во домашна изолација. На конкурсот кој започна вчера имало повеќе од 100 фотографии, а за најдобра е избрана фотографијата на Јехона Спахиу.

Град Скопје кампањата ја покрена со цел граѓаните да се мотивираат да останат дома, а награди од 100 евра ќе се доделуваат секој ден.
Фотографиите може да се објавуваат на фејсбук-страницата „СкопјеДома“, користејќи ги хаштаговите #СкопјеДома и #ShkupiNëShtëpi. Победниците ќе се објавуваат секој ден на истата фејсбук-страница.
На кампањата на Град Скопје денеска реагираа опозициските советници од ВМРО-ДПМНЕ оценувајќи ја како популистичка мерка. Тие го повикаа градоначалникот Шилегов да преземе конкретни мерки за превенција од ширењето на коронавирусот и притоа го нарекоа „воен профитер“.