До раните утрински часови екипите на Град Скопје ги санираа штетите предизвикани од ветерот кој синоќа дуваше со брзина од 70 километри на час.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој цела вечер на својот фејсбук-профил известуваше за санирањето на штетите, утринава изрази благодарност до службите на градот.
Најпогодена беше општина Карпош каде што имаше откорнати дрвја и покривни конструкции на неколку згради. На терен беше и градоначалникот Стефан Богоев.
За тоа како изгледаше вчеравечер Скопје, погледнете ја фотогалеријата на „360 степени“.