И натаму на Инфективната клиника има најголем број пациенти со ковид – 89
Вкупно 622 лица потврдени или сомнителни на ковид-19 се лекуваат во ковид – центрите во болниците во главниот град и низ земјава, објави попладнево Министерството за здравство.
Од нив во Скопје се 262, додека 360 се во другите градови. Во изминатите 24 часа во главниот град има 18 новопримени, најмногу на интерните клиники и во ГОБ „8 Септември“.
И натаму на Инфективната клиника има најголем број пациенти со ковид – 89.
Состојбата во другите вградови е следна: во болницата во Битола се хоспитализирани 22 пациенти, во Штип 34, на инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 24, во Куманово 39, во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 47, во ковид – центарот во Гостивар 7, а во Струга 21. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 27 пациенти, во Кочани 4, во Кичево 8, Кавадарци 40, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
На сите оддели на кои се лекуваат пациенти со ковид, во моментов има 420 празни болнички кревети. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.