Седум од смртните случаи се во домашни услови, а другите 11 во болница
Нови 18 лица се пријавени како починати од ковид-19 во последното деноноќие. Осум од нив се од Скопје (63, 67, 69, 72, 72, 77, 80, 88), тројца од Тетово (75, 76, 78), две лица од Битола (84, 88), а по еден смртен случај има во Прилеп (68) Кавадарци (79), Кочани (74), Радовиш (80) и Дебар (55).
Од пријавените, седум се починати во домашни, а 11 во болнички услови.
Во последните 24 часа се направени 2 955 тестирања, а регистрирани се 50 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 27,
Куманово – 5,
Прилеп – 4,
Гостивар – 3,
Тетово, Велес, Штип и Кичево – по 2,
Струмица, Гевгелија и Виница – по 1.
Регистрирани се 81 оздравен пациент од:
Скопје – 34,
Прилеп – 9,
Струмица – 7,
Куманово – 6,
Штип,
Кочани и Крушево – по 4,
Радовиш и Пробиштип – по 3,
Велес и Кичево – по 2,
Свети Николе, Делчево и Виница – по 1.