Тој истовремено порачува дека очекува истрагата да заврши во најкус можен рок и да се утврдуват причините за пожарот
Директорот на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, поднесе оставка по трагедијата од 8 септември кога во пожар во модуларната ковид-болница животот го загубија 14 лица.
Бесими за оставката соопшти преку социјалните мрежи каде наведува дека чувствува морална и етичка одговорност по трагичниот настан.
„После ваков трагичен и немил настан, оваа одлука е неизбежна“,
вели Бесими.
Тој истовремено порачува дека очекува истрагата да заврши во најкус можен рок и да се утврдуват причините за пожарот.
„Мојата оставка нема да ги утеши семејствата, но верувам дека ќе поставам морална линија која сите ние како општество ја заборавивме“, порачува Бесими.
додава Бесими.
Во меѓувреме, прес-конференција вечерва во 19 часот треба да одржи и министерот за здравство, Венко Филипче. Во најавата од неговиот кабинет, не е наведена темата на прес-конференцијата, а во вчерашните изјави околу прашањето за оставка, министерот рече дека ќе почека да заврши истрагата, па ќе донесе одлука дали ќе поднесе оставка.