Во дебата на „360 Степени“, новинарот Саше Димовски,зборуваше за трите опции за продолжување на работата на СЈО, пред истекувањето на рокот за поднесување обвниенија – 30 јуни.
– Поранешната претседателка на Уставниот суд, Елена Гошева и сегашниот Никола Ивановски треба да одговорат зошто таа иницијатива се уште не е изнесена на седница, независно дали е оспорен целиот член или Уставниот суд, дури по сопствено наоѓање, може сам да иницира, тој Член 22 да го извлече самиот од иницијативата и да го укине. Тој член вели дека има 18 месеци рок за завршување на истраги и поднесување обвиненија, додека за една обична сообраќајка нема да ви застари за 18 месеци делото, а овде зборуваме за најтешки форми на кривични дела, од убиство, до перење пари, од злосторнички здруженија и така натаму. Затоа, јавно го повикувам Уставниот суд, и тие имаат седници до крај на месецот, во јули веќе заминуваат на одмор. Имаат уште 2 недели, да го извадат предметот и да го отстранат членот 22 од законот за СЈО. Втората опција – две третини во Собранието е навистина тешко, иако, во последниве денови, се повеќе познавачи на приликите ме убедуваат дека со новото доаѓање на Прибе и новата агенда која треба да ни ја донесе, веќе наголемо е разговарано со ВМРО-ДПМНЕ за наводна поддршка, меѓутоа јас се уште оставам простор дека тоа тешко ќе се случи. Третата опција, за која веќе зборуваше и премиерот Зоран Заев, за формирање на одделение во рамки на државното Јавно обвинителство. Јас не го поддржувам ова. Ако веќе имаме една институција за која сите се заложиле, за која се потрошиле ресурси, за која формиравме еден систем… ако ги вратиме тие предмети таму, ќе добиеме уште една цела година во која ништо нема да се работи – примопредавање, слушање повторно. Ако веќе имаме желба, такво какво што е, само да се избрише Член 22, ќе ја завршиме работата – рече Димовски.
Напишете коментар