Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска се сретнал со својот грчки колега Никос Дендиас.
Тој на својот твитер профил објави фотографија на која двајцата се ракуваат со „корона – поздрав“.
Димитров наведува дека со Дендиас разговарале за билатералните односи, внатрешната ситуација во земјата и за регионалните случувања.
Двајцата колеги размениле мислења и околу развојот на настаните со ковид-19 и за одржувањето на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Европската комисија.
Министерот за надворешни работи, заедно со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска беа дел од 22. Меѓународен симпозиум „Сими“, кој оваа година се одржува во Атина и Лагониси под покровителство на грчкото претседателство со Советот на Европа, а во организација на Фондацијата Андреас Папандреу.